Науката го објасни начинот на движење на летачката змија


Науката го објасни начинот на движење на летачката змија - МИА

Лос Анџелес, 1 јули 2020 () – Тим научници од Универзитетот Вирџинија Тех објавија труд во кој го објаснуваат начинот на којшто летачката змија (Chrysopelea paradisi) се движи низ воздухот, преминувајќи од едно дрво на друго, и тоа прилично големо растојание.

Летачката змија живее во Јужна и Југоисточна Азија. Новите сознанија говорат дека таа се движи со „лизгање“ низ воздухот. Ајзек Џетон, предводникот на научниот тим вклучен во истражувањето, за Си-ен-ен објаснува дека овие змии прават брановидно движење додека се движат низ воздухот, слично и како кога се движат на копно. Тој верува дека тоа брановидно движење спречува змијата да се преврти и да падне пред да стигне до целта.

Првата, експериментална фаза се одвивала во лабораторија. Во следната фаза, истражувачите ќе набљудуваат како змиите скокаат од дрво на дрво и како „летаат“ во реални услови, нагласи Џетон.

Истражувањето е објавено во списанието „Нејчр физикс“. 


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*