Најскапата секс-играчка на светот e направена од платина, дијаманти, сафири и бисери

seks-igracka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вибраторот „Ројал перл“ (кралски бисер) е најскапата секс-играчка во светот. Пред неколку години чинеше околу 900.000 евра, а денес вреди над 1,6 милиони евра. Дизајниран е од Колин Бурн, златар и уметник од Австралија, за неговата колекција „Богатството на еротиката“ (Treasure, The Erotic).

„Оваа извонредна, функционална направа е уникатен дел од современата уметност на накит што ќе се препознава со векови нанапред. Има прекинувач и контрола на брзината, а кога е исклучен, тоа е прекрасен украс којшто служи како таен клуч за задоволството“, се вели на страницата каде што може да се нарача вибраторот.


– Мојата инспирација беше да создадам нешто што ќе ја покаже вредноста што луѓето му ја припишуваат на сексот. Луѓето трошат многу пари за искуството да поседуваат „Масерати“ и слично. Но, се прашував дали ќе платат богатство за вакво нешто?, рече Колин.

Mега-луксузниот вибратор тежи околу половина килограм и работи со две рачно изработени „моторчиња“. Направен е од платина покриена со 2.000 дијаманти, неколку кралски сини сафири, бисери и многу ретки розови дијаманти. Накитот е вметнат така за да не се гребе…

– Така употребата на вибраторот е многу пријатна!, тврди овој златар.

Може да се купи преку интернет, но и ќе треба да се почека 12 до 13 недели, бидејќи е потребно токму толку време за да се состави ваква направа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK