Над 80.000 стогодишници живеат во Јапонија



Јапонија издвојува уште 302 милијарди долари за поддршка на економијата - МИА

Токио, 15 септември 2020 () – Бројот на жителите кои имаат над 100 години, во Јапонија надмина 80.000 луѓе. Ова, според официјални податоци на јапонското Министерство на здравје, труд и благосостојба.

Поточно, во Јапонија во мигов живеат 80.450 лица повозрасни од 100 години – 9.176 луѓе повеќе од лани. Забележително е што 88 отсто – или вкупно 70.975 од нив се жени.

Највозрасната Јапонка има 117 години и живее во префектурата Фукуока. Највозрасниот маж пак, има 110 години и живее во префектурата Нара.

Во земјата лани, оваа бројка првпат надмина 70.000 лица. Стручни претпоставки говорат дека до 2053 година вкупното население на Јапонија, коешто сега изнесува околу 127 милиони луѓе, ќе се редуцира до 100 милиони, а до 2065. – до 88 милиони. Околу 38 насто од нив ќе бидат на возраст од над 60 години. си/


Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]

Вести

Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба

– Адвокатот на Миле Јанакиески,  Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Насилство во Центар“ затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба. -Имајќи предвид дека Миле Јанакиески […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*