Моника Левински објави нови фотографии и не личи на себе: како изгледа најпознатата љубовница во светот денес

Моника-Левински-објави-нови-фотографии-и-не-личи-на-себе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Активистката и писателка, која од 1995 година го носи прекарот најпознатата љубовница во светот, Моника Левински (50), денес изгледа многу поинаку отколку кога се појави веста дека има афера со американскиот претседател Бил Клинтон.


Во меѓувреме таа „целосно го трансформираше“ својот изглед, а многумина се согласуваат дека денес изгледа подобро од било кога, пренесува Јутарњи лист.

Левински се претстави во новата кампања на брендот „Reformation“, која е поддржана и од организацијата „vote.org“. Целта е да се мотивираат жените да излезат на претстојните претседателски избори во Америка и да го дадат својот глас „со стил“.

Ова не се однесува на начинот на облекување, туку на храброста и ставот.

View this post on Instagram

A post shared by zoey grossman (@zoeygrossman)

„Ref жената е моќна жена – а моќната жена го користи својот глас“, рече таа во кампањата „You’ve Got the Power“. Иако целта на самата кампања е во преден план, интересни се и модните парчиња во кои Левински позира, а нивните цени се движат од 198 до 448 долари.

View this post on Instagram

A post shared by Reformation (@reformation)

Левински го копродуцентираше документарниот филм на HBO Max од 2021 година, „15 Minutes of Shame“, кој истражува како културата на откажување и онлајн срамот влијае на луѓето како неа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK