Меган Маркл ќе го позајми гласот во цртан филм на Дизни


– Војвотката од Сасекс, Меган Маркл – сопруга на британскиот принц Хари, потпиша договор со Дизни за позајмување на својот глас. 3асега не се соопштува насловот на договорениот проект.

За возврат, продукциската куќа ќе дари свои средства на добротворното здружение за заштита на слонови „Elephants without borders“ (Слонови без граници).

Меган и Хари предминатата среда најавија дека се откажуваат од кралските должности за „да станат финансиски независни” и за да минуваат повеќе време во Северна Америка.

Дизни и претставниците на Меган засега не ги коментираат овие наводи.


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]