Мадона не се согласува со бојкот на Евровизија


Поп дивата Мадона ја бранеше својата одлука да настапи на Изборот за песна на Евровизија, кој неделава се одржува во Тел Авив, истакнувајќи дека никогаш нема да престане да изведува музика со цел да одговара на нечија политичка програма.

Пропалестински активисти ја обвинија Мадона за „уметнички апартхејд“, инсистирајќи да го бојкотира натпреварувањето во Израел.

– Никогаш нема да престанам да изведувам музика за да бидам соодветна за некоја политичка агенда, ниту пак ќе запрам да зборувам против кршењето на човековите права каде и да е во светот, изјави денеска пејачката.

– Ми се крши срцето секој пат кога ќе слушнам за изгубените невини животи во овој регион и за насилството кое толку често се спроведува заради политичките цели на луѓето кои имаат корист од овој дамнешен конфликт. Се надевам и се молам дека наскоро ќе се ослободиме од овој ужасен циклус на уништување и ќе се создаде нов пат кон мирот, потенцира Мадона.

Но, настапот на Мадона на Евровизија е доведен во прашање, бидејќи пејачката се уште не го потпишала договорот, соопштија организаторите на Евросонг.

– Европската радиодифузна унија никогаш не потврди дека Мадона ќе настапува, изјави извршниот супервизор на натпреварувањето Џон Ола Сенд, јави Би-Би-Си. Тој нагласи дека Мадона не може да настапува без потпишан договор.

Настапот на поп кралицата беше најавен од страна на нејзините американски и британски издавачи, кои прецизираа дека таа ќе отпее песна од новиот албум Madam X, како и постарата песна „Лајк а прејер“.

Сенд истакна дека преговорите се во тек.

– Преговараме, во моментов сме во финална фаза. Но доколку договорот не биде потпишан оваа недела, таа нема да биде на сцената, потенцира Сенд.

Израел е домаќин на натпреварот за Евровизија, откако локалната пејачка Нета Барзилаи победи минатата година. Победничката држава обично е домаќин следната година.


Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]

Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници - МИА
Вести

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

– Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани […]

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА
Вести

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата […]