Јапонско списание исмеано поради застарени пораки за жените



Јапонското списание „ЈЈ“ ги советуваше жените да им се восхитуваат на мажите со забелешки од типот: „Звучиш како Сократ”, и беше исмеано во земјата, која инаку, по половата рамноправност, е меѓу најлошите во светот, според статистиката.

Познатото модно списание на младите читателки им препорача да го споредуваат момчето со грчкиот филозоф кога тој „ќе изговори нешто комплицирано“. И, тоа предизвика лавина негативни  коментари на Твитер.

Написот притоа објаснува дека ги темели своите сознанија на женски стрип во кој жените ги воздигнуваат мажите и глумат дека се под нивната интелигенција.

Јапонија во 2018 година, имајќи ја предвид родовата рамноправност, беше на 110-то место од 149 земји во извештајот на Светскиот економски форум.

Поради тоа, и премиерот Шинѕо Абе се труди да турка политики кои ќе промовираат јакнење на положбата на жената.

Инаку, на Сократ му се припишува совет: „Секако, оженете се. Ако најдете добра жена, ќе бидете среќни, а ако најдете лоша, ќе станете филозоф”.


Бизнис и економија

Синдикатот на УПОЗ бара итно повлекување на одлуката за фиксно работно време

– Синдикатот на УПОЗ бара итно повлекување на одлуката за фиксно работно време бидејќи, според нив, тоа е спротивно на Гранскиот колективен договор потпишан на почетокот на годинава во кој е утврдено флексибилно работно време. […]

Тече рокот за поднесување тужби до Управен суд - МИА
Бизнис и економија

Управниот суд ја одби тужбата на „Еуростандард банка“

– Управниот суд ја отфрли тужбата на „Еуростандард банка“ во врска со решението на Народната банка донесено од страна на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Во образложението на одлуката се наведува дека за Еуростандард банка е отворена […]

Започна пленарната седница за избор на претседател на Собранието - МИА
Вести

На седница пратениците ќе расправаат по одлуките за постоење вонредна состојба донесени од претседателот на државата

– Предлог на одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба донесени од претседателот на Република Северна Македонија, објавени во Службени весник на РС Македонија се на дневниот ред на денешната собраниска седница. Пратениците ќе дискутираат […]