По две одложувања, Израел конечно го тестираше против-балистичкиот ракетен систем Arrow-3


По две претходни одложувања, Израел го тестираше против-балистичкиот ракетен систем Arrow-3 во раните утрински часови на 19-ти февруари. Израелската ракетна одбрана во соработка со американската агенција за ракетна одбрана спроведе тестирање на полигон во централен Израел. 


 

Според Министерството за одбрана на Израел, тестирањето е успешно извршено и ракетата ја погодила саканата цел. Овој успешен тест за Израел претставува значаен чекор напред во развојот на ракетни системи со долг дострел.

Следното тестирање според планот и програмата ќе се спроведе подоцна оваа година во Алјаска.

Како што рековме, тестирањето претходно беше откажано поради технички причини два пати во еден месец. Во декември беше одложено поради “безбедносни причини”. Главниот проблем беше целта на “Црниот враб”, кој симулира балистички проектили. Целта во тоа време не беше на саканата висина и се сметаше дека започнување на тестирањето во такви околности може да биде опасност за воздухопловите кои беа во воздух.

Вториот тест требаше да се одржи на 10-ти јануари. Причината за последното одложување, како што беше објавено од Министерството за одбрана, беше проблем со пренос на податоци.

Arrow 3 претставува јадро на таканаречената повеќеслојна анти-воздушна одбрана на Израел. До него, во оваа одбрана Системот вклучува Iron Dome систем со краток дострел, David Sling и Arrow-2 со среден дострел, како и на Arrow-3 со долг дострел, наменета за соборување на најсофистицираните проектили.

Борбенот крштавање на системот Arrow-2 беше во март 2017 година, кога тој пресретна ракети С-200, кои беа испалени од територијата на Сирија кон израелски авиони додека истите се враќаа од мисија на бомбардирање на провладините сили во близина на Палмира.

Батерија Arrow-3 е во состојба да истовремено уништи најмалку 5 балистички проектили вон атмосверата и тоа за само 30 секунди. Лансирната станица се состои од шест лансирни цевки чии ракети можат да соборат цел на висина од 100 километри и имаат домет од 2.400 км. Овој систем се смета за еден од најмоќните оружја од овој вид не само за соборување на ракети, но, исто така, и поради наводната способност за уништување на сателити.

Првата батерија на Arrow-3 беше предадена на израелските воздухопловни сили во јануари минатата година.