Истакнати жени владетелки и хероини од антиката


– Историјата, вообичаено, главно се сосредоточува на машките владетели, генерали, свештеници итн., затоа што, објективно, и пишаните извори говорат повеќе за мажи. Но, историјата памети и бројни истакнати жени владетелки и хероини. Следат неколку примери од антиката, поточно Стариот Исток.


 

1. Ахотеп Прва, Древен Египет, околу 1600 г. пр.н.е.

Таа била ќерка на моќниот фараон Сенактенр и неговата влијателна сопруга Тетишери. Следејќи ги стапките на нејзината мајка, Ахотеп рано се заинтересирала за политиката и војната, па со својот коњ, учествувала во повеќе битки и, како фараонка, носела битни политички одлуки. Во текот на нејзиниот долг живот, Ахотеп Прва оставила траен белег врз судбината на нејзината земја.

2. Фу Хао, Кина, околу 1200 г. пр. п.н.е.

Фу Хао била втора сопруга на владетелот Ву Динг, но важи за најмоќната жена од династијата Шанг. Таа водела бројни воени походи, победувајќи го и еден од најмоќните непријатели на династијата – племето Ту-Фанг. Покрај тоа што била врвна воинка, Фу Хао била и строга, но грижлива мајка и свештеничка.

History Story: Female warriors in history Fu Hao

3. Кралицата Гвендолен, Древна Британија, родена околу 1105 г. пр.н.е.

Според Џефри од Монмаут, сопругот на Гвендолен, Локринус, бил крал на Логрија. Тој се развел од Гвендолен во корист на неговата љубовница. Гвендолен побегнала во родното место, наводно – Корнвол, па неколку години градела своја војска за да му се одмазди на поранешниот сопруг. Кога нивните војски се сретнале, Локринус бил убиен. Полулегендарната кралица Гвендолен ја убила и неговата љубовница, па како што вели преданието, владеела мирно уште 15 години.

4. Томирис, вледетелка на Масагетите во Скитија, Среда Азија, 6. век пр.н.е.

Кралството на Томирис се наоѓало кај денешен Туркменистан, Авганистан, Узбекистан и Казахстан, каде  што таа сè уште се помни и се смета за симбол на храброста на жените. Според Херодот, кога Персиецот Кир Втори Велики се обидел да ја нападне нејзината земја, таа го предводела својот народ Масагети во битката во која бил убиен славниот освојувач.

5. Будика, владетелка на британското келтско племе Икени, починала во 60 г. н.е.

History Story: Female warriors in history Boudica

По смртта на нејзиниот сопруг, келтското кралство на кралицата Будика било припоено кон Рим. Будика кусо потоа ги обединила Икените со други племиња и го предводела бунтот против Римската Империја. По колежот во Камулодунум – важен римски британски град, Британците биле поразени од новодојдените римски сили. Заради нејзината храброст и храброст, Будика важи за британска историска хероина.