Искршени статуи на египетски богови на локалитет во Грција



Атина, 20 јуни 2018 – Грчките власти соопштија дека непознати лица ги искршиле репликите на статуи на египетски богови од римскиот период, кои се наоѓале во древен храм оддалечен 40 километри северно од Атина.

Од Министерството за култура на Грција соопштија дека гипсените копии на статуите на Изида и Озирис од вториот век претрпеле значајни оштетувања.

Во соопштението се наведува дека вандализмот e извршен во период кога храмот бил затворен.

Полицијата отвори истрага за овој инцидент.

Светилиштето посветено на египетските богови е изградено на мал вештачки остров во непосредна близина на градот Маратон.

Оргиналните статуи се чуваат во археолошкиот музеј во Маратон.


Вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците […]

Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*