Индонезиска зоолошка градина ќе жртвува животни за да ги нахрани месојадците


Индонезиска зоолошка градина ќе жртвува животни за да ги нахрани месојадците - МИА

Џакарта, 22 мај 2020 () – Управата на зоолошката градина во градот Бандунг на индонезискиот остров Јава соопшти дека наскоро ќе треба да жртвува некои животни од зоолошката градина за да ги нахрани месојадците кои се на работ на глад.

Поради воведување на рестриктивни мерки, зоолошката градина беше затворена на 23 март и на тој начин остана без приходи од посети, но досега успеа да набави храна со пари од донации.

– Имаме околу 30 елени и издвоивме неколку стари и немоќни грла да послужат како храна на нашите месојадци, како што е тигарот од Суматра и леопардот од Јава, изјави претставникот на зоолошката, Сулхан Сијафи.

Сијафи додаде дека раководството се подготвува за најлошото сценарио, бидејќи станува се потешко да се обезбедат 400 килограми овошје и 120 килограми месо дневно за 85 животни од зоолошка градина.


Дваесет нови случаи со Ковид -19, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати - МИА
Вести

Активни 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје

Скопје, 29 мај 2020 () – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. […]

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба - МИА
Вести

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност в сабота на пладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба […]

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]