„Икеа“ со реклама и одаде почит на Ангела Меркел


– Дојде крајот на една ера… Имено, Ангела Меркел по 16 години раководство, му ја предаде Сојузната канцеларија на нејзиниот наследник Олаф Шолц.

 

 

Меѓу другите, и шведската компанија „Икеа“ се прости од Ангела Меркел, сподели шведскиот политичар Карл Билт. Фирмата ѝ оддаде почит на поранешната германска канцеларка со реклама што денеска се појави во два германски дневни весници – „Зидојче цајтунг“ и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Како што може да се види на интернет-просторот, каде што споменатата реклама се споделува со неверојатна брзина, е прикажана жена која „неописливо потсетува“ на Меркел. Таа седи во фотелја и ги држи рацете скрстени – препознатлив став на поранешната канцеларка. До сликата пишува „Конечно дома“.

Инаку, како што претходно рече Шолц, тој сака да ја води Германија во светла иднина со новата „семафор-коалиција“.