Гинисов рекорд: Американец уловил 2.645 риби за 24 часа



Гинисов рекорд: Американец уловил 2.645 риби за 24 часа - МИА

Чикаго, 15 септември 2020 () – Професионален риболовец од американската сојузна држава Илиноис, неофицијално, го подобрил сопствениот Гинисов рекорд. Имено, тој фатил 2.645 риби во време од 24 часа.

Џеф Колоџински е познат по прекарот „Маратонец“. Неговиот официјално признат Гинисов рекорд е 2.172 риби уловени за 24 часа, во 2019 година.

Според Колоџински, дека доказите од неговиот нов обид за рекорд ќе бидат обезбедени за разгледување од Гинисовата книга на рекорди. Рибарот се надева дека и неговото ново достигнување ќе добие официјално признание.

Со новиот подвиг, рибарот собира средства за фондацијата „Риболов за живот“. Тој се надева дека ќе се соберат барем 20.000 американски долари за добротворни цели. 


Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.683.835 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.008.525 пациенти, а оздравеле 24.982.499 луѓе. Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 135 нови […]

Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*