Франција и Русија го решаваат спорот околу шампањот



Франција и Русија се согласија да работат на решавање на спорот, до кој дошло поради новиот руски закон со кој се бара француските производители на шампањ да ги обележат своите шишиња како „пенливо вино“, соопшти француското Министерство за правда.


 

Почнувајќи од јули, сите странски добавувачи во Русија мора да го користат описот „пенливо вино“ на етикетата на шишето, а само локалните производители можат да напишат „шампањскоје“ на етикетата – што е руски еквивалент за шампањ.

Законот ги налути француските производители на шампањ кои ги прекинаа испораките во Русија и ја поттикнаа француската Влада да се закани со акција во Светската трговска организација.

Францускиот министер за земјоделство, Жилиен Денорманди напиша на Твитер дека се договорил со рускиот заменик министер за земјоделство, Сергеј Левин да работат на решавање на проблемот.

Решението предвидува формирање работна група составена од службеници и претставници на винската индустрија од двете земји, додаде портпарол на францускотио министерството.