„Фолксваген ИД.4“ прогласен за најдобар автомобил во 2021 година


– Жирито на Светските автомобилски награди го прогласи електричниот хечбек „Фолксваген ИД.4“ за најдобар автомобил во 2021 година. Резултатите од гласањето се објавени на интернет-страницата на конкурсот.


 

„Честитки до ’Фолксваген‘ за оваа огромна победа. Ова е само третиот електричен автомобил (во историјата на натпреварувањето досега), што ја освои оваа престижна награда!”, напишаа организаторите на Твитер.

Главни конкуренти на „Фолксваген“ беа „Тојота Јарис“ и електричната „Хонда Е“. Победникот доби 798 поени, вториот – 742, а третиот 732 поена. Без оглед на тоа, „Хонда Е“ ја освои титулата „Најдобар градски автомобил за 2021 година“, „Порше 911 Турбо“ е прогласен за „Најпродуктивен“, „Мерцедес-бенц С-класа“ е „Најлуксузен“, а „Ленд ровер дефендер“ има „Најдобар дизајн“.

Минатата 2020 година, „Киа Телурајд“ беше најдобриот автомобил според Светските награди за автомобили.