Фолегандрос – едно од најубавите неоткриени грчки островчиња


Атина, 26 јуни 2018 – Фолегандрос е мал остров во грчкиот архипелаг Киклади, со само 32 километри квадратни површина и само 650 жители. Меѓу туристите е познато како едно од најубавите неоткриени грчки островчиња, а може да се комбинира со обиколка на Миконос, Санторини, Крит и Родос.


 

Само по себе, островчето нема што многу да понуди на туристите со префинет вкус, во смисла на забави и ноќен живот. Но, тоа не значи  и недостиг од добри ресторани, кафулиња или удобно сместување. Центар на островот е гратчето Хора коешто се наоѓа на рид, а е опкружен со стрмнини и мирис на темјан и оригано.

Фолегандрос е романтично место со силен средновековен карактер, со многу цркви и тврдини изградени како заштита од пирати.

Што се однесува до сместувањето, најпрепорачливи се Белведере апартманите или Провалма студио.

До островот се стигнува преку околните кикладски острови, на пример – Наксос, Миконос или Санторини, со траект. Или, пак, од пристаништето Пиреја во Атина, но возењето трае околу девет часа.