Феномен кој никој не го објаснил: Чудната карпа стои на камен 11.000 години (ФОТО)



ript>

Кумакиви (Kummakivi) што на фински значи чудна карпа, се наоѓа во густата шума во западниот дел на Руоколахти – југоисточна Финска.


 

Се нарекува чудна карпа бидејќи стои на камен околу 11.000 години и пркоси на гравитацијата.

Легендата има едно објаснување за овој феномен, додека науката тврди друго. Вистина е дека ниту една теорија не е докажана.

Според легендата, оваа карпа била поставена на камен од џинови.

Геолозите нудат научно објаснување и ја опшуваат појавата од создавањето на глечерите пред 8 илјади години, од кои карпата останала до денес.

Се уште нема објаснување зошто таа досега не паднала.