ЕСА: Астронаут в тоалет (видео)


ЕСА: Астронаут в тоалет (видео) - МИА

Париз, 19 мај 2020 () – Европската вселенска агенција ЕСА објави видео на кое астронаутката Саманта Кристофорети објаснува како луѓето во Вселената одат вo тоалет.

Италијанката прво говори за специјалното црево за изборот „број 1“ (мала нужда), а потоа и за изборот „број 2“ и за специјалната тоалетна школка наменета за тоа. Таа вели дека тоа не е воопшто тивко и сите колеги на Меѓународната вселенска станица слушаат и знаат што се случува, оти механизмот работи на принципот на вшмукување и бучи како правосмукалка.

– Пред употреба, на отворот од школката се закачува посебна ќесичка. Кога ќе завршиме, ја врзуваме ќесичката и таа оди надолу. Од почит кон следниот корисник, ставаме друга ќесичка, вели Кристофорети.

Контејнерот со ќесичките се менува секои 10 дена, но урината „оди на рециклирање“, како што вели астронаутката.

– Механизмот зад ова црево ја собира (урината) и тука почнува процесот со којшто урината се претвора во чиста вода за употреба, вели таа и со насмевка го завршува своето предавање. 


Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови - МИА
Вести

Неизвесно денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието

Скопје, 13 август 2020 () – Неизвесно е одржувањето на денешната седница на Собранието што вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав Талат Џафери. Од собраниските служби засега нема никакво официјално соопштение, а седницата […]

Регистрирани 101 новозаразен со КОВИД, пет лица починати, 22 оздравени - МИА
Вести

Бројот на новозаразени и натаму трицифрен, иако има тренд на намалување

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 139 случаи со Ковид-19 од 1.627 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Оздравени се вкупно 239 лица. Почина еден пациент […]

НСОН бара исплата на платата за март за основното и средното образование - МИА
Вести

Комисијата за заразни болести и Владата треба да одлучат како ќе се одвива учебната година

Скопје, 13 август 2020 () – Комисијата за заразни болести, како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, треба да има завршен состанок, по што би требало да биде закажана седница на Влада, на која […]