Џуд Ло призна дека бил премногу платен за една од неговите улоги, а филмот доживеал целосен неуспех

jud-lo-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џуд Ло, познат по своите соработки со великани како Мајк Николс и Вес Андерсон, денес е синоним за успех во светот на филмот. Неговата кариера е обележана со независни одлични филмови и големи студиски блокбастери како Шерлок Холмс и Злосторствата на Гринделвалд. Сепак, Ло искрено призна дека една улога во неговата кариера не го оправдува хонорарот.


Откако ја стекна славата со улогата во „Талентираниот господин Рипли“, Џуд Ло стана едно од најбараните имиња во Холивуд. Но, неговата транзиција од независни филмови во комерцијални проекти го доведе до филмот Алфи од 2004 година, римејк на истоимениот класик од 1966 година.

Алфи, во режија на Чарлс Шајер, го следи животот на британски возач на лимузина во Њујорк, кој го доведува во прашање неговиот хедонистички начин на живот по аферата со девојката на неговиот пријател. Филмот беше значаен за Ло од неколку причини: тој се сретна со својата поранешна свршеница Сиена Милер на снимањето, а во исто време му донесе комерцијален успех бидејќи за улогата доби дури осум милиони долари.

Но, и покрај големиот буџет од 80 милиони долари, филмот заработи само 35 милиони, со што стана еден од најголемите неуспеси во неговата кариера.

Ло подоцна призна: „Веројатно бев преплатен за улогата. Филмот беше целосен неуспех”.

Интересно е што токму по Алфи Ло најде можност да се врати на своите корени. Неговиот следен проект беше „Блискост“, независна филмска продукција во режија на Мајк Николс, адаптирана од истоимената драма на Патрик Марбер. „Блискост“ стана клучен момент во неговата филмографија, ги подели критичарите, но го задрж статусот на класика.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK