Џереми Ајронс сака да се пензионира, да живее во својот дворец и да одгледува стока


– Познатиот британски глумец Џереми Ајронс гостуваше во „Лејт најт шоуто“ на Сет Мејерс, каде што го промовираше својот најнов филм „Куќата на Гучи“ (House of Gucci) и зборуваше за својата кариера и плановите за пензионирање.


 

– Купив остров недалеку од семејната куќа, до каде што се стигнува „со пливање“. Ќе одгледувам пони-коњчиња и стока. Во последно време сѐ повеќе се занимавам со земјоделство, а сѐ помалку со глума, појаснува оскаровецот.

Ајронс го купил замокот „Килко“ во 1998 година со неговата поранешна сопруга Синеад Кјузак и оттогаш целосно го реновирал. Раскажа и една анегдота околу тоа.

– Издигнавме градби налик на кули од замок – оној делот што оди горе-долу… Многу внимателно го испланиравме и направивме модели и сѐ тоа, а кога конечно тоа беше готово, го погледнав и помислив дека нешто не е в ред… Премногу беше мал. Еден од моите пријатели рече: „Нема да им кажам на градежниците да одат горе“. Така, јас се искачив 13 ката од скелињата и стигнав до врвот и велам: „Ова е прекрасно, момци. Прекрасно е ова што го изградивте, но сепак ќе треба да го урнете. Мораме да го направиме поголем. Не е доволно моќен“, додаде тој.

Ајронс ја игра улогата на Родолфо Гучи во „Куќата на Гучи“, а вели дека постигнал сѐ што сакал во кариерата и дека му треба одмор од забавната индустрија.