Џеф Зајберт: Сѐ што правите на интернет се следи и се запишува (видео)



Турција предлага посилна контрола врз социјалните мрежи - МИА

Лос Анџелес, 14 септември 2020 () – Новиот филм на режисерот Џеф Орловски – „Социјални дилеми“ (The Social Dilemma) предизвика лавина реакции на интернет, во врска со тоа колку луѓето знаат и не знаат за Фејсбук, Твитер, Инстаграм итн.

Филмот на Нетфликс содржи мненија на стручњаци за опасностите од социјалните мрежи.

„Го гледав ‘Социјални дилеми’ и посакав да го фрлам мојот телефон преку прозорот. Дојдов до два заклучока: 1. Ако не беа милијардерите, ние немаше да сме во оваа положба; 2. Социјалните мрежи се најголемата закана”, напиша Твитер-корисникот @lidlbigthings.

Поранешниот извршен директор на Tвитер – Џеф Зајберт објаснува: „Сакам луѓето да знаат дека што и да прават на интернет – тоа се следи и се запишува. Дури и тоа – какви слики гледате и колку време”.

„Филмот е страшен. Но, тој ја прикажува самата вистина. ’Производот кој се продава – тоа сте самите вие‘ е идејата, и тоа е наједноставно кажано. ’Производот’ е постепената промена во вашето поведение и во вашето размислување”, објави корисникот под Твитер-назив @shivamkimothi.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*