Демократите бараат и промена на името на аеродромот „Џон Вејн“ во Округот Оринџ


Демократите бараат и промена на името на аеродромот „Џон Вејн“ во Округот Оринџ - МИА

Лос Анџелес, 29 јуни 2020 () – Челниците на Демократската партија во Округот Оринџ во американската сојузна држава Калифорнија бараат тамошниот аеродром што го носи името на познатиот глумец Џон Вејн, да се преименува и, да се отстрани неговата статуа и се друго што „потсетува на него и неговите расистички ставови“.

Како што пренесува „Лос Анџелес тајмс“, демократите усвоиле итна резолуција во која се осудуваат „расистичките и нетолерантни изјави“ на Вејн од интервјуто од 1971 година.

Демократите бараат да се врати старото име – Аеродром на Округот Оринџ.

– Имаше напори да го сториме тоа и порано, а сега го ставаме нашето име како поддршка за да се осигураме дека името ќе биде променето, рече претседателката на Демократската партија за Округот Оринџ – Ада Брисено.

Овој потег е дел од широкото масовно движење за отстранување статуи и други облици на величење на „белите“ шовинисти.

Во интервјуто за „Плејбој“ пред 50 години, Вејн изрече серија изјави што денес можеби би се сметале за навредливи кон Афроамериканците, домородните Американци и ЛГБТ групите.

– Верувам во надмоќта на белата раса сѐ додека црнците не се едуцираат до степен на одговорност. Не верувам во давањето моќ и позиција да владеат и судат неодговорни луѓе, рече Џон Вејн тогаш.

Тој потоа истакна и дека не поддржува ропство, но дека не се чувствува виновен „поради фактот што пред пет или 10 генерации, овие луѓе биле робови“, ниту пак, за потчинувањето на староседелците.

– Мислам дека не погрешивме затоа што им ја земавме оваа голема земја. Таканаречената кражба на земјата, всушност беше само прашање на опстанок. На огромен број на луѓе им требаше нова земја, а Индијанците себично се обидоа да ја задржат само за себеси, нагласи познатиот американски глумец.

Џон Вејн се осврна и на филмовите „Голи во седло“ (Easy Rider) и „Полноќен каубоец“ (Midnight Cowboy), оценувајќи ги како „перверзни“, навредувајќи ги лицата од ЛГБТ-заедницата. 


ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми - МИА
Вести

ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми

Скопје, 14 јули 2020 () – Гласањето во 17 домови за стари лица низ државата се одвива одлично и без никакви проблеми, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото […]

ДИК: Почнаа изборите, важечки се ливчињата на коишто е заокружен редниот број на подносителот на листата - МИА
Вести

Втор ден гласање на изборите за пратеници

Скопје, 14 јули 2020 () – Избирачките одбори од утринава го спроведуваат гласањето на болните, немоќните, хронично болните лица, кои се пријавиле за гласање за предвремените парламентарни избори, а своето право на глас го искористуваат […]

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите - МИА
Вести

Гласаат болните, немоќните и затворениците

Скопје, 14 јули 2020 () – Втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица. Според последните податоци […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*