Ченинг Тејтум и Џена Диван официјално се разведоа, шест години беа на суд

cening-tejtum.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерот Ченинг Тејтум и неговата поранешна сопруга Џена Диван го финализираа својот развод шест години откако се разделија. Според Page Six, деталите за разводот се доверливи, но и двајцата се согласиле да не бараат издршка од својот поранешен партнер.


Покрај тоа, поранешната двојка приватно ќе се сретне со судијата во врска со какви било идни конфликти поврзани со нивниот заеднички договор за издршка на детето, ќерката Еверли. Имаат рок од 45 дена да постигнат договор за промена на алиментацијата или да постигнат спогодба во случај на прекршување на договорот.

Спогодбата им овозможува да избегнат судење што беше закажано за декември. Тие се договорија дека официјалниот датум на развод е 2 април 2018 година, додека формално се сами од 20 ноември 2019 година.

Џена поднесе барање за развод во 2018 година, по девет години брак, што предизвика правна битка за парите што Ченинг ги заработи од филмолт „Меџик Мајк“. Деван тврдеше дека Ченинг користел заеднички пари за да го започне овој проект и дека таа треба да добие дел од приходите.

Инаку, Џена и Ченинг се запознале во 2006 година на снимањето на филмот Step Up, а две години подоцна се вериле. Тие се венчаа во 2009 година. По разводот, Ченинг започна врска со Зои Кравиц во 2021 година, а сега се свршени. Џена исто така продолжи и се сврши со Стив Кејзи во 2020 година, со кој има две деца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK