Бил Гејтс пристигна во Бодрум со јахта долга 107 метри


– Основачот на американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“, Бил Гејтс го посети Бодрум – еден од бисерите на турскиот туризам.


 

Тој пристигна таму со јахтата „Лана“, под знамето на Кајманските Острови, долга 107 метри и широка 16 метри. Огромното пловило се вкотви кај замокот Бодрум.

Гејтс и неговата придружба, меѓу другото, ги посетија замокот Бодрум и Подводниот археолошки музеј.