Безос и Лорен ја закотвија јахтата во Дубровник

Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џеф Безос и свршеницата Лорен Санчез го продолжуваат крстарењето по Медитеранот на неговата мегајахта вредна 500 милиони долари, а во средата навечер, беа забележани во Дубровник заедно со пријателите Кети Пери, Орландо Блум и Ашер, објави „Дејли мејл“.


На фотографиите што беа споделени во таблоидите еден ден потоа, малото друштво шета по живописните улици на историскиот град опкружен со ѕидини, уживајќи во раната вечерна светлина.

Придружувани од инфлуенсерот Дерек Бласберг и неколку телохранители кои ги држат љубопитните туристи на растојание, тие се движеа по Страдун – главната пешачка улица, опкружена со ресторани, барови и продавници.

Санчез (53) на себе има зелено здолниште од берлинскиот дизајнер Отолингер, во комбинација со црн кус топ и златни сандали во грчки стил.

Нејзиниот свршеник (59) основач на „Амазон“ е облечен во бели ‘чино’ панталони и темносина маица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK