Безделничењето е корисно за мозокот, ако го практикувате правилно



Безделничењето е корисно за мозокот, ако го практикувате правилно - МИА

Лос Анџелес, 16 септември 2020 () – Кога еден човек се занимава со хоби или спорт, на пр., многу е веројатно да почне да биде „измачуван“ од некакво бесспокојство. Честопати се поставува прашањето – како така губиме време за дребулии, без да направиме нешто полезно? Всушност, според нови научни сознанија, „безделничењето“ е полезно за мозокот, но само ако го практикувате правилно.

– Помислете си – кога сте ги имале најплодните идеи? Веројатно, кога не сте сосредоточени на ништо конкретно, вели истражувачката-психолог Крис Бејли. – Проучавањето на „дифолт-системот“ на мозокот (односно делот којшто е активен кога не правиме ништо), вели дека тој создава „расеаност”. Тој поим се користи за да се опише состојбата во којашто дозволуваме нашиот ум, просто, да лута од една мисла кон друга. Оваа состојба, всушност, нѐ прави прилично покреативни и многу попродуктивни, додава психологот.

Селест Хедли, авторка на бестселерот „Не прави ништо“, појаснува оти безделничењето и мрзеливоста се две различни нешта.

– Погледнете на тоа вака: риболовецот во голем дел од времето не прави ништо, дури и кога е зафатен. Безделничењето означува да не делувате, а мрзеливоста означува – да не сакате да делувате. Може ли човек да не дејствува, зашто е мрзелив? Се разбира. Но, може и да дејствува кога не се труди и може да биде активен, без да работи, појаснува Хедли.

Според неа има два вида размислување. Првиот тип – аналитичен, е неопходен ако сме активно ангажирани во решавање проблем или сме сосредоточени на некоја задача. Вториот тип е поапстрактен и, ја поттикнува појавата на ненадејни идеи и откритија. Тоа е она кога човекот „лета во облаците”. Во оваа состојба, мозокот ги изделува и подредува податоците кои скоро сме ги добиле и ги помешува со сеќавања од порано, со впечатоци и емоции. Како резултат на тоа, во мозокот ни се создаваат нови и необични поврзувања.


Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]

Вести

Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба

– Адвокатот на Миле Јанакиески,  Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Насилство во Центар“ затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба. -Имајќи предвид дека Миле Јанакиески […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*