Анкета на YouGov: Луѓето во светот најмногу им се восхитуваат на Барак и Мишел Обама


Анкета на YouGov: Луѓето во светот најмногу им се восхитуваат на Барак и Мишел Обама

Анкетата на лондонскиот Институт за истражување на јавното мнение YouGov, спроведена на 45.000 луѓе од 42 земји, открива на која жена и маж во светот луѓето најмногу им се восхитуваат. Барак и Мишел Обама добија најмногу гласови.

Списокот од 20 мажи и 20 жени се состои од имиња на луѓе од сите сфери на животот, од светот на политиката, забавата, музиката, спортот, преку актерството до деловниот сектор.

YouGov пишува дека ова е првпат поранешниот американски претседател да се најде на врвот на списокот на машки кандидати откако во 2014година е покренато истражувањето World’s most admired.

Основачот на Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс е на второто место оваа година, а минатата година беше прв на листата. Трет човек на листата оваа година е кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Кога станува збор за жените, испитаниците и оваа година најмногу и се восхитуваат на поранешната прва дама на САД Мишел Обама.

Актерката Анџелина Џоли го зазеде второто место, а британската кралица Елизабета Втора третото. Минатата година на второто место беше американската водителка Опра Винфри, а на трето Анџелина Џоли.


Вести

Нови 594 случаи на КОВИД-19, оздравени 162, починати три лица

Во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на КОВИД-19 од кои најголем дел во Скопје, 303. Оздравени се 162 пациенти, а починати се три лица. Како што соопшти […]

Вести

Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години

Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели. Сè […]

Вести

Историчарите со мали поместувања напред, но засега без договор за Гоце Делчев, Заев верува во решение преку взаемно почитување

– По два дена разговори во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, кој и понатаму останува пречка на сопнување. Има нови предлози и идеи за кои засега не […]

1 Comment

  1. нешто најглупаво што сум прочитал??
    или ако се работи за обратнопропорционално најгнасен паарр

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*