Американец ја прекршил изолацијата и физичкото растојание, почина еден ден откако јавно се покаја


Американец ја прекршил изолацијата и физичкото растојание, почина еден ден откако јавно се покаја - МИА

Лос Анџелес, 3 јули 2020 () – На средовечен камионџија од јужна Калифорнија (САД), му здодеала изолацијата поради корона-пандемијата и отишол на забава со скара во близина. По извесно време, јавно се покаја за тоа, и тоа еден ден пред да почине од коронавирусот.

Томас Марсијас (51) на 18 јуни дознал дека е заразен со вирусот. Потоа се покажало дека на собиранката што се случила две-три недели претходно, тој бил во контакт со асимптоматски заразено лице.

Томас на 20 јуни ја објавил својата исповед на Фејсбук: „Поради мојата глупавост, сега мојата мајка, сестрите и цело мое семејство се во опасност. Ова беше болно искуство. Со Божја волја, се надевам оти ќе го преживеам ова.“

Како што денеска пренесуваат западните медиуми, Томас Маријас починал утредента. 


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*