Американците во текот на карантинот најмногу гледале „Пријатели“


Американците во текот на карантинот најмногу гледале „Пријатели“ - МИА

Њујорк, 25 мај 2020 () – Американската CableTV.com спроведе истражување во сите 50 американски сојузни држави, за тоа кои серии Американците најмногу ги гледале додека биле во карантин поради новиот коронавирус.

Резултатите покажале дека „Пријатели“ е најгледната серија во САД за време на пандемијата на Ковид-19. Серијата за шестмината неразделни пријатели е популарна во 11 сојузни држави, меѓу кои се Калифорнија, Тексас, Флорида, Њујорк, Охајо и други.

На второ место се наоѓа серијата „Рик и Морти“, која е најмногу гледана на Алјаска, во Аризона, Колорадо, Невада. Оваа анимирана серија моментно ја промовира и прикажува својата четврта сезона.

Меѓу сериите кои со задоволство се гледани во САД се и „Греј’с анатоми“, „Ред и закон“, „Брејкинг бед“, „Ѕвездени патеки“ и други.


Во Собранието формирани пратеничките групи - МИА
Вести

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

– Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 […]

Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]