150 Балканци печеле јагнешко во центарот на Берлин. Шокирани германци ја повикале полицијата да интервенира


Процесот на балканизација на Европската Унија се движи одлично. Балканците сеуште не се спремин да бидат европјани.


 

Овие денови е толку сончево и топло, деновите створени да направите пикник. Сепак, Словените и Германците имаат различни начини кога размислуваат за излети. Неколку часа подоцна 150 луѓе ги напуштија градскиот парк откако беа фатени од страна на полицијата за печење 12 јагниња. Полицијата објави фотографии од необичната сцена на Фејсбук.

Без “докази”, некој веројатно би помислил дека се работи за шега.

До пристигнувањето на полицајта, учесниците на “пикникот” веќе го запалиле огнот и ги поставиле јагнињата. Полицијата открила дека околу 150 луѓе се собрале, вклучувајќи ги и децата кои трчале на отворен оган. – пренесува БИЛД

На полициските службеници кои ја примиле  пријавата првично им било кажано дека “Луѓето ги земаат овците од своите автомобили во паркот Фридрихшајн”

Полицијата ги повика пожарникарите да го изгаснат пожарот, а самите ги наведоа податоците на организаторот, кој, според полициските службеници, бил подготвен да учествува во процесот на гаснење.

Прашан од страна на полициските службеници како, дојде до ваква идеа за собир, организаторот рекол дека групата генерално е со потекло од Босна и Херцеговина и си го прославува празникот со години на сличен начин.

Оваа година, веројатно, не било забавно да се забавуваат, бидејќи на организаторот му се заканува парична казна од 5000 евра. Со цел да не се повторуваат слични појави, берлинската полиција објави на Фејсбук мапа каде во Берлин може на отворено да се прават излетнички собири.