Напуштениот затвор Карабанчел во Мадрид – изграден од сопствените затвореници


Затвор изграден од сопствените затвореници. Звучи иронично, нели? Луѓето може да мислат дека градителите го познаваат одвнатре и однадвор, но не е така. Тоа беше начин да се испрати порака. Заради тоа што затворениците го граделе тоа било начин да испрати порака дека нема да има можност за бегство. Иако подоцна многумина се вратија сами. Зошто? 


 

Ова злогласно место, познато како затвор Карабанчел, било изградено за време на режимот на Франко во Шпанија, веднаш по Граѓанската војна во Шпанија, во центарот на Мадрид. Изграден е како замена за претходниот затвор во Мадрид, викан “Моделот”.


“Моделот” беше практично уништен во Граѓанската војна затоа што беше на фронтот на борбите северно од Мадрид. Генералот Франко одлучи, наместо да го поправи стариот, неговите луѓе ќе изградат нов затвор.

Изградбата започна на 20 април во 1940 година. Работата ја извршија околу илјада политички затвореници во тоа време, подложени на принудна работа. Зад проектот беа архитектите Висенте Агусти Елгеро, Хосе Марија де ла Вега Сампер и Луис де ла Пена Хикман. Затворот беше предвиден како зграда од која би било невозможно да се избегне. И терајќи ги затворениците да го изградат, беше начин да им се покаже дека бегството е невозможна.

Изградбата е поделена на две фази.

Првата фаза се одвиваше помеѓу 1940 и 1944 година. Во оваа фаза, цел беше да се изградат четирите различни сектори на казнено-поправниот дом. Број еден беше т.н. превентивен затвор, со радијално планирање составен од четири различни сектори. Сите тие формираа цилиндрично тело крунисан со армиран бетон и леано железо. Вториот сектор беше затвор со работилници. Следниот сектор имал четири галерии, од кои една галерија можела да се модифицира во зависност од потребата. Третиот дел бил управувачкиот павилјон, исполнет со бирократски канцеларии и соби. Четвртиот и последниот од нив биле станбена површина за работници и затворски службеници.

Во добар дел планот на затворот бил копија од затворскиот план на Моделскиот затвор во Барселона. Заттворот “Модел” како модел бил исто така многу популарен во Куба. Постои уште еден кој што е со истото име (Presidio Modelo) во Нуева Герона. Овој е изграден исто така од диктаторската влада предводена од Герардо Мачадо. Затворот изграден во Мадрид имал армирано-бетонска и тула структура во затворени фасади. Главниот влез бил врамен со дорски колумни и исто така вклучувал и висок балкон со триаголен педимент.

Во 1998 година, претседателот на владата ги распушти затворениците и официјално ги затвори портите на затворот. Истата година, започнаа организирани посети за посетители кои беа организирани од страна на затворските службеници кои останале без работа. По затворањето, многу различни институции и организации дебатираа и дадоа различни идеи за тоа што да прават со празниот простор и згради. Најдобрата идеја веројатно била да се изгради болница.

Во текот на овој период на дискусија некои луѓе не беа заинтересирани да чекаат да видат што ќе се случи, па одлучи да дејствуваат. Многу сквотери се преселија во претходниот затвор. Исто така имало многу уметници меѓу нив. Местото стана Мека за графит и сквотирање. Со текот на времето, зградите почнаа да се распаѓаат. Вратите се распаднаа, стакло лежело насекаде, а многу од металните шипки биле однесени за да се продадат како старо железо.

Тоа бил еден вид на град во градот за некое време додека локалната влада не одлучи да стави крај на тоа. Бил направен договор помеѓу градот Мадрид и Министерството за внатрешни работи за изградба и реновирање на зградите, парковите и болницата.