(Видео) Се прашувате како денес би изгледала Југославија? Погледнете…


На крајот на оваа година ќе бидат завршени точно 100 години од формирањето на Кралството на ССС, или почетокот на Југославија.



Џозеф Пизнети, кој за многу работи се прашува “што ќе беше”, направи интересна анализа за Јутјуб, за тоа како би изгледала реконструирана и обединета Југославија денес?

Тој објави анализа во видеото на неговиот канал “Real Life Lore”, каде што објавува едукативни и интересни видеа.

Ако опстоеше, Југославија денес ќе имаше малку повеќе од 20 милиони жители, што автоматски ќе влезеше во првите 10 главни држави во Европа кога станува збор за населението.

Тој додава дека Југославија би имала помала популација отколку во 1991 година кога биле регистрирани повеќе од 23 милиони луѓе.