Фасцинантниот (и превкусен!) леб со кисело тесто


Се смета дека токму лебот е првата создадена храна од страна на човекот. Како науката и технологијата напредуваат, така и процесот на произведување леб се менува. Оваа намирница, уште од најмали нозе, треба да биде составен дел од нашата исхрана, бидејќи содржи хранливи материи кои се потребни за човековиот организам, неопходни и за децата, за нивен правилен раст и развој, а која најчесто ја консумираме во сите дневни оброци.


 

За разлика од порано, сега постојат најразлични видови на леб и начини на негово производство.

Лебот со кисело тесто е еден од типовите леб кој во последните години доживува светски тренд, но, кај нас е веќе добро познат стар рецепт.

Жито Лукс лансираше Фурнаџиски леб со кисело тесто – пченичен и пченичен-интегрален леб на парчиња за љубителите на овој тип на леб. Клучната состојка на производот е киселото тесто, кое нуди природна форма на квас и го прави лебот мек, ароматичен и многу вкусен. Поради ваквиот состав, лебот со кисело тесто совршено се вклопува во секој оброк и неговиот автентичен вкус е незаборавен.

Фурнаџискиот леб со кисело тесто од неодамна се придружи на понудата фурнаџиски лебови на Жито Лукс, во чиј состав се: Класик, Интегрален, Селски и Рустика.