Хејли Бибер оди на психолог поради троловите


– Во интервју за лондонскиот весник „Ивнинг стандард“, манекенката Хејли Бибер откри дека посетувала психолог за да се справи со интернет-троловите и озборувањата.



– Морав да работам многу околу тоа со терапевт, бидејќи дојде до точка кога тие (троловите) станаа премногу луди по мене, и јас бев навистина вознемирена цело време. Она што најмногу ми пречи е што многу луѓе на интернет навистина сакаат да бидам не толку пријатна личност. Очекуваат да бидам злобна и ме викаат „кучка“. Никогаш не сте ме сретнале лично! Не ме познавате!, вели супермоделот.

Голем дел од негативното внимание, како што самата вели, дошло по венчавката со Канаѓанецот Џастин Бибер – еден од најпознатите пејачи во светот. А, добар дел од троловите се обожаватели на Селена Гомез, поранешната девојка на Џастин.

Хејли смета и оти луѓето имаат лажни, големи очекувања за славните, што придонесува кон она што таа го нарекува за „култура на откажување“.

– Отворена сум за фактот дека се уште растам како личност. Би сакала луѓето да бидат поотворени кон идејата да им дозволат на луѓето да учат, да растат, да прават грешки и да продолжат понатаму. Но, ние живееме во оваа култура на откажување, каде што луѓето постојано велат: „Го стори тоа, затоа откажи се!“ Тоа е многу штетен светоглед, вели таа.