Гвинет Палтроу позира гола во градина на својот 48-ми роденден


Холивудската актерка во неделата го прослави својот 48 роденден, и ги изненади своите фанови и следачи на Инстаграм со необичен потег, сосема нетипичен за неа.

„Денес на себе немам ништо освен мојот роденденски костим“ напиша Гвинет Палтроу под фотографијата на која позира гола како од мајка родена во својата градина на роденденот.

И додека објавата предизвика воодушевувања кај безброј фанови, еден корисник на социјалната мрежа не се забавуваше – а тоа беше нејзината ќерка тинејџерка Епл Мартин (16).

„МАМА“, коментираше очигледно засрамената Епл.

На фотографијата на која позира со телото делумно навалено кон камерата, Гвинет стратешки ги заштити своите интимни делови со вкрстени раце и свиткана нога, но сепак не стори ништо за да го скрие затегнатиот стомак кој предизвикува завист, коментираат таблоидите.

Ѕвездата на „Вљубениот Шекспир“ изгледа безгрижно додека се смешка под сонцето, со слободно пуштена коса.


Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Вести

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*