Горан Пандев е Маж на годината за 2020 година


Избрани најуспешните мажи за 2020 година кај нас



Горан Пандев е официјално Маж на годината за 2020 година во избор на овогодинешното издание на официјалниот избор на Мажи на годината кај нас.

Овогодинешното издание на Мажи на годината оваа година, поради предизвиците со корона вирусот и пандемијата која го зафати целиот свет, се одржа во едно комплетно различно руво од досегашното. Оваа година настанот се емитуваше на МРТ1 и беше во формат на ТВ шоу, каде почитувајќи ги сите протоколи за зaштита од медицинските власти ги доделивме наградите на 13 најуспешни Мажи во Македонија за 2020 година.

Наградата за Менаџер на годината ја понесе Петар Денковски, генерален директор на Веро, наградата за Млад менаџер на годината отиде кај Владо Цекиќ, а за Маж странец во Македонија за 2020 наградата заслужено отиде во рацете на Билал Суџибаши, генералниот директор на ХалкБанк.

За Маж со стил за 2020 година е избран Пако Радовановиќ, архитект. Во изборот на Маж на годината според социјалните медиуми наградата отиде кај хуманитарецот Али Вевзи.

Оваа година стручното жири одлучи наградата за Маж со најголем придонес во општеството оваа година отиде во рацете на целокупниот медицински тим кој неуморно се бори веќе 9 месеци со невидливиот противник. Во нивно име наградата ја подигнаа доктор Виктор Исијановски, директор на Здрваствен дом Скопје и Милица Бубало, раководител на Брзата помош.

Наградата за Маж со најголем придонес во спортот припадна на Македонската Фудбалска Репрезентација, а наградата ја подигна селекторот Игор Ангеловски Мрме. Маж со најголем придонес во културата за 2020 година е Џијан Емин. За Хедонист на годината наградата отиде во рацете на Ѓорѓи Дамјановски, бизнисмен, а за Маж на годината до 40 години наградата замина кај Радован Витошевиќ, генерален директор на МајВорлд.

За Маж со трајни вредности е избран нашиот познат музичар Влатко Стефановски кој неуморно низ годините ја претставува Македонија низ светот. Маж на годината за 2020 година во избор на организаторите отиде во рацете на селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски Мрме. За маж на годината за 2020 година е прогласен неуморниот борец кој со своите 37 години ја однесе Македонија на едно големо фудбалско натпреварување, Горан Пандев.