Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк – Школка

Logo-Saveurs-de-France
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на гастрономски настан „Вкуси ја Франција“, којшто ќе се одржи в сабота, 10 јуни 2023, со почеток во 12 часот, во Градски парк – Школка.

Настанот, во 12 часот, свечено ќе го отворат г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје, и Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.


Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција.

За музичкиот амбиент со француска музика ќе се погрижат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе.

Главен покровител на настанот е винарската визба Тиквеш, а партнери се СУГС „Лазар Танев“, ФЈ кулинарско школо и Боттега дел Вино.

Производите ќе се продаваат по симболични цени, а винарската визба „Тиквеш“ ќе понуди дегустација на нивните вина.

Во случај на дожд, ќе има обезбедено шатори.

 

Loader Loading...
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK