„Фратерните“ на ПМГ Колектив албум на неделата на бугарското Радио Бинар


Новиот албум на ПМГ Колектив насловен „Фратерните“ (Fraternite) е прогласен за албум на неделата на бугарското национално радио  „Радио Бинар“, објави фронтменот на македонскиот бенд Мирко Попов на неговиот фејсбук профил.


 

-Новиот ПМГ Колектив албум Fraternite кој излегува во сабота, прогласен е за албум на неделата на Бугарското национално радио – Радио Бинар. Може да се послуша во целост  три пати на ден до крајот на оваа недела и тоа во 11:00, во 17:00 и во 23:00. Голема брагодарност до Панк Џез и господинот Лемке и секако братскиот бугарски народ, стои на ФБ профилот на Попов.