Ен Хатавеј се извини по реакциите за новиот филм



Sвездата на „Вештерките“, Ен Хатавеј, јавно се извини по критиките што ги доби филмот во врска со приказот на деформирани екстремитети.



Актерката призна дека многу луѓе се нашле засегнати од начинот на кој е прикажан нејзиниот лик на голема вештерка.

„На сите ви должам извинување“, напиша таа на Инстаграм. Во новата адаптација на книгата на Роалд Дал од 1983 година, вештерките имаат по три издолжени прсти на секоја рака.

Комичарот Алекс Брукер, кој е роден со деформирани раце, и многу други слични на него, остро го критикуваа филмот дека е нечувствителен кон лицата со телесни деформитети.

„За мене филмот испраќа порака дека треба да се плашиме од луѓе на кои им недостасуваат прсти“, изјави Брукер за Би-би-си претходно оваа недела.