Емилија Кларк ја продаде куќата на плажата „Венеција“ за 4.4 милиони долари



Актерката Емилија Кларк ја продаде својата модерна куќа на познатата калифорниска плажа „Венеција“ за 4.4 милиони долари.


 

Ѕвездата од серијалот „Игра на Тронови“ првично бараше 5 милиони долари кога првпат ја објави за продажба во август.

 

На крајот, таа прифатила понуда што е за 200. 000 долари помалку од она што наводно го платила за имотот уште во 2016 година, според „Пипл“.