40-годишната Хатиџе Шендил, позната како Елиф од серијата „Во виорот на судбината“ на Dizi, секогаш воодушевува со нејзината убавина. Освен што е актерка, таа е и модел. Па, не нѐ ни чуди што во 2001 година освоила четврто место на Мис Европа. На својот Инстаграм профил таа објави видео од нејзината утринска рутина за вежбање која и помага цело време да остане во добра форма. Објавата доби лавина реакции и беше проследена со низа позитивни коментари како „природна убавина“, „изгледаш одлично“, „многу си убава“ и слично.
Турскатa актерка ги освојува срцата на социјалните мрежи исто како и на малиот екран. Иако има глумено во многу различни серии и филмови, на македонската публика најдобро ѝ е позната од серијата „Во виорот на судбината“ на Dizi. Во серијата таа глуми млада девојка која се наоѓа во безизлезна ситуација и единствениот спас го гледа кога ќе добие неочекуван предлог да стане сурогат мајка на Дефне и Кахраман, кои не можат да добијат наследник за семејството Јорукан. Поради нејзината убавина многу мажи ќе се вљубат во неа, вклучувајќи го и Кахраман. Љубовната приказна на Кахраман и Елиф е единствена и неповторлива, но на Дефне ова воопшто нема да ѝ се допаднe.
Во војната помеѓу две жени, во борбата на доброто и злото, кој ќе биде победник на крајот? „Во виорот на судбината“ е приказна за љубовта, предавството и измамата. Серијата можете да ја следите секој ден од 19:10 часот на Dizi. Следете ги каналите Dizi Macedonia на социјалните мрежи и дознајте ги најновите информации за вашите омилени серии.