Цвеќе кое привлекува љубов во домот


Според Фенг Шуи постојат три вида на билки, кои привлекуваат љубов во домот.


 

Ако тие се поставени на вистинското место во саксии и со соодветни бои, се верува дека ќе привлечат романтични вибрации.

1. Цикламата привлекува љубов и хармонија. Позитивно дејствува на добра комуникација во односите, поради што е идеален подарок за брачни двојки, брак или годишнина од свадбата.

Се препорачува оние кои се осамени  да набавт циклама во домот.

2. Спатифилум (Spatifilum) – второто име на ова цвеке е “среќа на девојката”. Посоти верување дека ако се подари некому ваков цвет, ќе стапи во брак или ќе добие дете.

Spatifilum треба да се одгледува во потемни бои кои ја симболизираат земјата, лојалноста и плодноста.

 

Фото: Shutterstock

2. Хибискусот се нарекува и кинеска роза, а во Фенг Шуи тој симболизира “љубовен магнет”.

Се препорачува да се постави хибискус во југозападниот дел на домот, кој помага за пронаоѓање на сродната душа.