Ченинг Тејтум во завршни преговори да ѝ се придружи на Сандра Булок во „Изгуениот град Д“


Ченинг Тејтум го чува својот иден распоред за работа добро спакуван.


 

40-годишникот, наводно, е во завршни преговори да глуми заедно со Сандра Булок во претстојниот романтичен авантуристички филм The Lost City Of D („Изгуениот град Д“), според „Варајети“.

Продукциската куќа на Булок, „Фортис филмс“, го продуцира филмот.

Сторијата следи една романсиерка која е на турнеја за новата книга со нејзиниот модел од насловната страница. За време на нивното патување, двајцата доживуваат обид за киднапирање и тие завршуваат среде џунгла, каде треба да се потпрат еден на друг за да преживеат.