Божиќното обраќање на кралицата на врвот на ТВ-рејтинзите во Британија




 

Божиќниот говор на кралицата: „Вие не сте сами“,  кој се фокусираше на надеж среде пандемија, се најде на врвот на телевизиските рејтинзи ноќта на Божиќ, покажаа бројките за гледаност.

Публика од 8.14 милиони гледачи го проследиле нејзиното празнично обраќање на „Би-би-си уан“, „Ај-ти-ви“ и „Скај њуз“.

Минатата година, враќањето на ситкомот „Гевин и Стејси“ беше на врвот на рејтингот на гледаност.

Според телото за рејтинзи, Strictly Come Dancing на кое беа претставени 25-те најнезаборавни танци на шоуто, и „Тркалото на Мајкл Мекинтајр“ беа на четвртото и петтото место со 4.86 милиони и 4.66 милиони гледачи.

Највисоко оценета програма на „Ај-ти-ви“ “ беше Coronation Street со 4.55 милиони гледачи – на шестото место на листата со рејтинзи.