Бил Гејтс: Фејсбук е виновен за брзото ширење на коронавирусот


Бил Гејтс: Животот ќе се нормализира само откако за сите ќе се обезбеди вакцина за коронавирусот - МИА

Сакраменто, 3 јули 2020 () – Основачот на „Мајкрософт” – Бил Гејтс го обвини Фејсбук и другите социјални мрежи за брзото распространување на коронавирусот во САД, поради дезинформациите на нив.

– Какво иноваторство видовме? За жал, дигиталните технологии и платформи, веројатно придонесоа за распространувањето на ова што јас го сметам за луди идеи. Социјалните мрежи би можеле да бидат и пополезни за справување со ваквата и слични кризи, ако беше обезбедено споделувањето точни и веродостојни податоци, изјави Гејтс во последното свое интервју.

Тој натаму додава дека дезинформациите убедиле поголем дел од населението, оти некои мерки против Ковид-19, како што е носењето маски и физичкото растојание, не се неопходни, наводно.

Од почетокот на пандемијата, платформите распространуваат различни теории на заговор и лаги, поврзани со коронавирусот. На пример, се тврдеше дека новите кули за безжична комуникациска технологија за 5-Г  придонесуваат за ширењето на заразата, и оти 5-Г ги напаѓа и го ослабнува имунитетот на луѓето. Тоа се непроверени, неточни и лажни податоци.

 


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*