Бијонсе со девет номинации на Греми наградите


– Поп-ѕвездата Бијонсе освои намногу – девет номинации за доделувањето на следните Греми награди. Меѓу нив и за песна на годината, како што објавија организаторите денес.



Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации на 63-то издание на свеченоста. Добитниците ќе бидат објавени на 31 јануари следната година.

Американката Свифт и Липа се натпреваруваат за најважната награда – Албум на годината – заедно со Пост Мелоун, Колдплеј, Хаим, Џејкоб Колиер, Блек Пума и „алтернативната ар-ен-би“ пејачка Џене Аико.

Бијонсе е присутна во номинациите, главно поради песната „Black Parade“, која ја слави црнечката култура и активизмот, а беше пуштена за време на минатогодишните протести против системскиот расизам и полициската бруталност против Афроамериканците. „Black Parade“ ќе се натпреварува за песна и за спот на годината, заедно со „Don’t Start Now“ на Дуа Липа.

Албумот на Тејлор Свифт – „Folklore“ е номиниран за албум на годината, а нејзината „Cardigan“ – за песна на годината.

Во категоријата Најдобар нов изведувач се најдоа раперите Меган Ди Сталион и Доџа Кет, како и алтернативната уметница Фиби Бриџерс.