Бесплатни дерматолошки прегледи од Клиника Жан Митрев по повод месецот на меланома

zm 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Клиника Жан Митрев спроведува бесплатни прегледи за превенција на меланома – канцер на кожа, во Скопје беа прегледани и советувани над 50 граѓани, а следната недела еднодневни бесплатни прегледи ќе се прават во Битола и во Струмица.


Дерматолози специјалисти од Клиника Жан Митрев ги спроведуваат бесплатните дермоскопски прегледи како превенција за појава на рак на кожа и соодветна заштита од канцер на кожа и како поддршка на Европската кампања за зголемување на свесноста за ова заболување.

Покрај прегледите, пријавените граѓани добиваат и совети како правилно да се грижат за здравјето на кожата. Прегледите ги спроведуваат дерматолозите д-р Анџелка Илиева и д-р Александра Лазаревска и тоа со претходно закажан термин.

Клиничката болница Жан Митрев секоја година традиционално со бесплатни прегледи и советување на граѓаните ја поддржува Европската кампања за подигање на свеста за рано откривање на карцином на кожа.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK