„Тојота“ го намали производството за јули


 „Тојота“ го намали бројот на планираното производство на светско ниво во јули за 50.000 автомобили, бидејќи недостигот на полупроводници и прекините во снабдувањето со делови продолжуваат да го ограничуваат погонот.


 

„Бидејќи и сега е тешко да се гледа во иднината, поради недостигот на полупроводници и ширењето на Ковид-19, планот за производство најверојатно ќе биде со помал обем“, соопшти јапонската компанија.

Најголемиот светски производител на автомобили очекува следниот месец да произведе 800.000 автомобили. „Тојота“ и другите автопроизводители и натаму се борат со прекини во синџирот на снабдување и недостигот на компоненти, предизвикан од пандемијата на Ковид-19.

Сепак, „Тојота“ се држи до својата зацртана годишна цел на светско производство од 9,7 милиони возила, иако во мај компанијата сигнализираше дека прекините во снабдувањата би можеле да ја принудат на намалување. Компанијата продолжува да го намалува производството и следниот месец во неколку фабрики во Јапонија.