На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација.
Презентацијата на новите производи ќе се емитува во живо, а белег на настанот ќе биде линијата iPhone 15, која ќе вклучува два почетни модели и два модели од високата класа, пренбоси Танјуг, повикувајќи се на Блумберг.
Уредите од пониска класа, најверојатно ќе се нарекуваат iPhone 15 и 15 Plus, ќе имаат некои од опциите на минатогодишните модели Pro – чип A16, интерфејс Dynamic Island и задна камера од 48 мегапиксели – но ќе го задржат актуелниот дизајн. .
Моделите од повисоко ниво ќе видат позначајни промени, вклучувајќи редизајнирана рамка која користи титаниум наместо нерѓосувачки челик, далеку потенки рамки околу екранот и процесор A17 кој користи понапреден метод на производство од 3 нанометри.
Титаниум, исто така, ќе ги направи телефоните малку полесни.