Анџелина Џоли со пет од нејзините деца присуствуваше на премиерата на Eternal во Лондон (Фото)


Лондон, премиера на Eternal

Медокс (20), Захара (16), Шајло (15) и 13-годишните близначки Вивиен и Нокс прошетаа по синиот тепих со својата мајка  Анџелина Џоли, на синоќешната премиера на Eternals во Лондон.


 

Џоли, која е и мајка на 17-годишниот син Пакс, изгледаше шик во црн блејзер и комбинација со макси здолниште и бела кошула со копчиња.

Медокс и Нокс беа облечени во костуми во темна боја, додека Вивиен беше облечена во крем фустан, додека Захара блесна во светло жолт мини фустан.

Претходно ѕвездата присуствуваше на премиерата во Рим со две од нејзините деца.

Минатата недела Џоли присуствуваше на премиерата на Eternals во Лос Анџелес, со пет нејзини деца. Сите изгледаа стилски, но Захара беше таа што го привлече вниманието кога го облече фустанот на нејзината мајка од доделувањето на Оскарите за 2014, дизајниран од Ели Сааб.

Los Angeles, премиера на Eternal